Министерството за финансии до 31 октомври 2012 година го продолжи рокот за аплицирање за субвенциониран станбен кредит преку проектот Купи куќа, купи стан", а со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и градежниците, кои изразија голем интерес за овој проект. Од Финансии информираат дека уште четири јавни повици ќе бидат објавени до крајот на годинава на кои граѓаните ќе може да поднесат апликација кај деловните банки. Првиот повик ќе биде од 1 јуни до 15 јули, вториот од 16 јули до 31 август, третиот од 1 септември до 30 септември и четвртиот од 1 октомври до 31 октомври. Деловните банки и Министерството за финансии, како и досега, по истекот на секој јавен повик ќе одлучуваат по барањата на граѓаните, со цел побргу да се реализира купопродажбата.
Министерството за финансии до 31 октомври 2012 година го продолжи рокот за аплицирање за субвенциониран станбен кредит преку проектот Купи куќа, купи стан", а со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и градежниците, кои изразија голем интерес за овој проект.
Од Финансии информираат дека уште четири јавни повици ќе бидат објавени до крајот на годинава на кои граѓаните ќе може да поднесат апликација кај деловните банки.
- Првиот повик ќе биде од 1 јуни до 15 јули, вториот од 16 јули до 31 август, третиот од 1 септември до 30 септември и четвртиот од 1 октомври до 31 октомври. Деловните банки и Министерството за финансии, како и досега, по истекот на секој јавен повик ќе одлучуваат по барањата на граѓаните, со цел побргу да се реализира купопродажбата - велат од Финансии.
Проектот стартуваше на 25 јануари 2012 година, а крајниот рок беше до 31 мај. Досега беа објавени четири јавни повици, а се доделени 50 субвенционирани кредити.